Блокотехна рутински дојде до полуфиналето во кошаркарскиот Куп на Македонија триумфирајќи убедливо во четвртфиналниот дуел со Охрид. Предводникот на првиот полуфиналист, Марјан Илиевски вели дека неговата екипа ја подготвувал како за секој натпревар.
„Иако заврши со голема разлика овој натпревар, ние се подготвувавме како и за секој натпревар не потценувајќи го противникот. Испадна да имаме краток период од последниот одигран натпревар и немавме доволно време за одмор на играчите со поголема минутажа. Следува полуфинале, играме или со Гостивар или со Фени Индустри – избор на противник немам, за тој што ќе победи вечер ќе се подготвуваме“ – вели Илиевски
„Секоја победа е важна на ваков тип на натпреварување, а нас ни е мило што уште на стартот победивме со голема разлика. Ќе влијае дефинитивно на атмосферата во тимот пред полуфиналето кое ќе го играме утре со Гостивар или со Фени Индустри“ – смета Стеван Глигоријевиќ.
Од тимот на Охрид признаваат дека се далеку од квалитетот на фаворизираниот противник.
„Колку и да се подготвувавме се виде дека фаворитот си е фаворит и дека си ја оправда таа улога. Сега за нас следи најчесно да си го одиграме плејаутот“ – признава тренерот на Охрид, Петар Чочоровски.
„Знаевме дека Блокотехна е силен противник. Само што ја освоија Балканската лига. Ние ја чекавме нашата шанса, но натпреварот заврши во нивна корист. Им посакувам се најдобро понатаму во Купот“ – рече по натпреварот Оливер Тасков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА