Тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски е задоволен што неговите кошаркари остварија убедлива победа над Охрид, особено што ја завршија работата уште при самиот почеток на средбата. Илиевски го посакува Фени индустри како противник во полуфиналето на Купот на Македонија, иако кавадарчани ги очекува тежок четвртфинален дуел со актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје.
„Ние никогаш не се водиме по фаворизирање и потценување на учесниците при секоја средба. Наше е да излеземе на теренот и да дадеме максимум од себе. Особено ме радува што победата ја осигуравме уште по првата четвртина, но се почувствува опуштање на моите играчи во последните две четвртини. Тоа можеби е нормално во однос на резултатот, бидејќи нашата концентрација веќе е пренасочена кон полуфиналната пресметка. Честитки до моите играчи за остварениот успех, мислам дека ние сме првите дебитанти во историјата кои се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија. Иако тимот на МЗТ Скопје секогаш е фаворит на хартија, јас би сакал да се сретнеме со Фени индустри во полуфиналето“, истакна Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА