Марјан Илиевски не ја крие гордоста од големиот успех и освоениот трофеј во БИБЛ-лигата со тимот на Блокотехна. Тој веќе имаше еден ваков медал во своја сопственост, од пред неколку години како стратег на Приштина, но нема дилеми дека денешниот пехар е многу позначаен за овој стручњак.
„Чувството е прекрасно. Не знам што би кажал, ова е огромна сатисфакција за сите во клубот, за сите работи кои ни се случуваа, проблемит со повредите, а еве денеска можеме да се пофалиме дека сме регионални шампиони“ – истакна Илиевски.
Ростерот беше максимално ограничен, но одличниот стратег знаеше да ги мотивира своите играчи и со фуриозната прва четвртина (25-9) да го трасира патот до трофејот.
„Верував дека сме подобри и дека можеме да победиме, играчите го покажаа тоа на теренот. Одигравме одлична прва четвртина, се виде дека сме поквалитетни, па остатокот од мечот мина само во нервоза да не дозволиме поголем пад за противникот да се врати. Одговоривме на тој предизвик, го исконтролиравме резултатот и сосема заслужено триумфиравме“ – кратко го прокоментира Илиевски финалниот натпревар против домаќинот Теута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА