Марјан Илиевски, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација ги искажа првите импресии после убедливиот пораз од Унгарија од 96-58. Тој смета дека резултатот не е реален во однос на односот на силите на двете репрезентации.
Тој истакна дека поразот треба да се бара и во преголемиот респект на нашите репрезентативци кон Унгарците.
„На овој денешен натпревар очекував малку поинаков расплет. Мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз. Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во индина ќе играме многу подобро. Јас им давам поддршка на играчите, тие даваат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство“, изјави Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

