Кошаркарската репрезентација на Македонија е подготвена за почетокот на новиот претквалификациски циклус, во кој ќе води битки со Романија и со Унгарија за едно од првите две места во групата кои ќе значат пласман во главните квалификации.
„Црвено-жолтите“ влегуваат во овој циклус со нов селектор, но и со сериозно променет играчки ростер, неизбежната смена на генерации се реализираше токму летово, па селекторот Илиевски ќе има полни раце работа да состави екипа што во наредните години ќе носи радост на спортската јавноста.
Македонија во првото коло ќе ја пречека селекцијата на Романија (2 август, 20 часот) во Куманово, дуел на кој очекуваме да се израдуваме и на првата победа под водство на новиот селектор.
„Можеби и често се повторувам за овој краток период со истиот заклучок, а тоа е дека имаме многу промени за кратко време, репрезентацијата е драстично променета, кратко временски сме заедно за да имаме високи очекувања. Можам само да го истакнам делот, дека сум презадоволен од начинот на кој се тренира и се работи во овој период. Сликата што ја имаме од двете средби со Швајцарија, иако е позитивна, никако не смееме да се потпреме на неа бидејќи не смееме да гледаме на работите еуфорично. Момците кои се овде се играчи кои со гордост ќе го носат дресот на Македонија, ќе донесат една нова енергија и се надеваме дека пред полна сала каква што очекуваме, ќе го дадат најдоброто од себе. Она што го имаме како квалитет, енергија, младост, желба за победа, ќе го покажеме на терен“, истакна Илиевски.
Тој даде краток осврт и за утрешинот противник, но напомена дека клучно ќе биде да се фокусираме на сопствената игра.
„Од она што го имаме како анализа за Романија, ние до 10 часа пред да пристигнат немавме инфо дали ќе ииграат со странски кошаркар. Останува дека ќе играат без странец, што сигурно ин значи. Знаеме дека станува збор за играчи кои настапуваат редовно во своите клубови и кои инсистираат на физичка игра. Она на што треба да обрнеме внимание е играта под обрачите, ќе треба да го сопреме центарот Кате,, кој е играч со големо искуство и ќе треба да се фокусираме на него. Сепак, ќе внимаваме и на останатите, но сакам да потенцирам – мораме да се фокусираме на нас, на она што ние треба да го одиграме и да напредуваме. Секако имаме почит за противникот, но ние секогаш ќе се фокусираме на нас и нашата игра“, додаде македонскиот селектор.
„Градот Куманово е домаќин на овој град, ова е град што секогаш имал спортски дух, кошаркарски дух, оваа публика знае да процени што е добра кошаркарска атмосфера и таа атмосфера да ја создадат, би бил благодарен да дојдат и да ни дадат максимална поддршка, да бидат наш шести играч и заедно да растеме во оваа онва приказна“, потенцираше Марјан Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

