Името на Владо Илиевски е поврзано со најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација, а легендарниот плејмејкер сега добива и нова улога, како координатор на сите машки кошаркарски репрезентации.
Легендата на мак-баскетот не ја крие возбудата од новата задача, решен и во оваа улога да даде значаен придонес за развој на мак-баскетот.
„Чест ми е што сум повторно овде, сакам сето ова искуство што го собирав овие 30 години да го предадам на Македонија, на нашата кошарка. Сакам сите заедно да направиме исчекор, да направиме успех, во некоја иднина да се создадат млади генерации што ќе ги наследат овие актуелни репрезентативци. Се надевам дека после нас ќе оставиме нешто – систем, начин на работа и позитивна средина за добри резултати. Благодарност до претседателот Главчев за укажаната доверба, се надевам дека ќе ја оправдам“, истакна Илиевски.

Тој има блиско соработувано со овој стратег, додека настапуваше во дресот на Барселона.
„Берокал е одличен стратег, мислам дека многу добро ќе се вклопи во овој на македонски менталитет баш затоа што го има ова искуство на работа во повеќе држави. Ни требаше и тренер што ќе фрли око на младите категоррии, што ќе создаде пирамида како да се работи од младите селекции па се до А-тимот, верувам дека тој ќе биде од голема помош и за овој дел од работа. Берокал има богато искуство и во работа со младите категории, пред неколку години беше и тренер на вториот тим на Хувентуд, тим што важи за една од најдобрите школи која му даде шанса да работи со нивните најголеми таленти. Берокал поседува микс од квалитети на се она што ни недостига на нас, не доаѓа само како тренер што доаѓа од врвот на пирамидата, туку и има работено како дел од сите процеси на создавање на играчи. Тоа е она што во овој момент и е најпотребно на нашата кошарка. Како човек, како тренер, убеден сум дека не погрешивме со изборот на Берокал за нов селектор“, потенцираше Владо Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

