Илиевски: Се „коцкав“ на овој меч, не ги користев сите сили па се надевам одморените ќе ни дадат свежина во полуфиналето!

Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски е задоволен од борбеноста на своите кошаркари во желбата да се дојде до триумф над Еуро Никел во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Илиевски по мечот призна дека одлучил малку да се коцка што не ги користел сите расположиви сили, кратејќи ја ротацијата за да остави свежи дел од кошаркарите за утрешното полуфинале, но на крај сето тоа се исплатеше.

„Отворањето на мечот беше онака како што се договоривме, но од финишот на првиот период Еуро Никел потоа почна да игра порелаксирано и знаеше како да се решава целата завршница. За десетина минути примивме 28 поени, и кога имате таков пад нормално е да има нервоза. Се чувствуваше тензија повеќе кај нас, но се надевам дека целата таа нервоза ќе замине денеска, а од утре ќе изгледаме поинаку. Во секој случај, мора да им честитам на играчите затоа што три дена сме без услови за тренинг, бидејќи такви беа условите, немавме можност да тренираме како што треба. Факт е дека играв со скратена ротација затоа што самата цврстина на мечот не го дозволи тоа. Ја користев тренерската филозофија, се коцкав, но се надевам дека во полуфиналето тие што не играа многу денес, ќе ни дадат една свежина утре“ – рече Илиевски.

Пелистер во утрешното полуфинале ќе се соочи со екипата на Феникс.

Се вчитува...