Илиевски: Штета што се повреди Пен, снемавме сила во финишот

Марјан Илиевски и Блокотехна не успеаја ниту во третиот обид да го совладаат Работнички во Скопје, по голема битка завршувајќи го својот овосезонски настап.

„За жал, редовно ни се случува малер на клучните натпревари, лани во плејофот со МЗТ останавме без Бенџамин, овојпат на почетокот од мајсторката се повреди Американецот Пен. Не можам за ништо да му замерам на мојот тим, игравме добар меч, се боревме до пред самиот крај, но Работнички на крајот заслужено стигна до победата. Штета, можеше да биде и трето финале за нас сезонава, но не успеавме да триумфираме на овој меч. Во секој случај, сезонава е многу успешна за нашиот клуб, со освојувањето на БИБЛ-лигата како прв трофеј во клупската историја“ – истакна Пен.

Се вчитува...