Брегалница на најдобар можен начин со убава победа од 3-1 против тимот до 21 година на украинскиот гигант Шахтјор Доњецк ги почна подготовките во Анталија.
Сето тоа само како дополнителен мотив повеќе за фудбалерите низ продолжението од подготовките, иако шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски порачува дека неговиот состав го чека
„Може да искажам задоволство од начинот на кој се одигра натпреварот со Шахтјор Доњецк, посебно ако се знае дека настапивме и ние со поголемиот дел фудбалери помлади од 20 години. Добивме добра претстава и за добрите страни и за негативностите во играта, па продолжуваме сега со уште позасилено темпо низ подготовките. Имаме одлични услови за работа во Анталија преку кои секако максимално подготвени ќе го дочекаме стартот на пролетниот дел од шампионатот“ – вели Илиевски.
Следен пријателски натпревар на Брегалница во Анталија е дуелот против рускиот второлигаш Волга Астрахан на 8. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА