Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Добринко Илиевски е крајно разочаран по пропуштената шанса за триумф во квалификацискиот меч против Ерменија во Скопје.
Надежите до 90.минута имаа предност од 3-1, а потоа за само три минути во самиот финиш дозволија два погодоци на гостите за конечни 3-3.
„Не можам се уште да се смирам затоа што навистина недозволиво е на таков начин да пропуштиме добиен натпревар. Имавме убава предност и за само неколку минути дојдовме до несакан резултат. Сигурно и неискуството си го направи своето затоа што во составот имаме многу помлади играчи од оние на Ерменците, со по две-три години разлика. Нашите фудбалери понесоа и еден сериозен притисок затоа што брзо, од селекции до 17 и до 19 години, ги впуштиме да се носат со фудбалот до 21 година кој е на сениорско ниво. Не сакам да бараме оправдание, но од друга страна задоволен сум од некои елементи во играта. Успеавме да ја запреме онаа долга низа порази, и покажавме дека во оваа нова генерација има перспектива за во иднина. Со овие млади момчиња во иднина единствено треба да се работи малку повеќе на психолошки план и за зацврстување на победничкиот карактер“ – вели Илиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА