Македонската фудбалска легенда и освојувач на европската шампионска круна со Црвена Звезда, Илија Најдоски, во разговор за српски „Журнал“ истакнува дека црвено-белите имаат сили низ следниот период да забележат далеку подобри резултати во Лигата на шампионите.
Црвена Звезда по првите четири натпревари нема ниту еден бод, по поразите од Бенфика, Интер, Монако и Барселона, но сега на „Маракана“ доаѓа Штутгарт, против кој тим се очекува позитивен резултат.
„Често на пријателите кои имаат огромни очекувања им кажувам дека голем успех е пласманот во Лигата на шампионите. Сте го виделе Бодо Глимт како игра во Европа, многу е тешко да исфрлиш таков тим. Секој бод сега вреди злато и ќе биде поттик за иднината. Не е лесно да се справиш со тимови како Барселона, Монако и Интер, кои лесно ја решаваат играта во своја полза врз основа на нивниот индивидуален квалитет“ – вели Најдоски, и дополнува:
„На хартија нема лесни противници. Јавноста сака да фаворизира, но и да бара победи против силни тимови. Верувам во црвено-белоите, Маракана може да биде исклучително важна против Штутгарт и ПСВ. Секако, потребно е да се надополнат сите недостатоци кои беа видливи на претходните натпревари. Се враќаат и важни играчи, кои се повредија претходниот месец. Црвена звезда може да бодови, но мора да го даде својот максимум и да даде се од себе од првата до последната минута“.
Најдоски прави и компарација од времето кога тој дојде до европската титула во генерацијата заедно со Панчев, Савичевиќ, Просинечки, Михајловиќ…
„Сосема е различно. Гледам многу поранешни играчи го спомнуваат бројот на странци. Мислам дека играта е подобрена, сега во секој голем клуб имаш голем број на странски фудбалери. Забележавте дека има голема разлика во посетеноста на натпреварите кога доаѓа еден од великаните во Европа во однос на домашното првенство. Потребно е многу за да се направат радикални промени. Ќе биде поинтересно за многу екипи, но првенствено за гледачите, доколку се биде сконцентрирано во неколку клубови“.
Каков систем би применил во домашните лиги да се зголеми квалитетот на првенствата на Балканот?
„Постои популарна приказна за намалување на бројот на тимови, јас сум поддржувач на таква идеја. Во Македонија од 16 се намали на десет и дванаесет и веќе се видливи промени. Имате неколку екипи кои се борат за титулата, се игра систем од три круга и секој може да победи секого. Ваквите промени многу би му помогнале на српскиот фудбал. Црвена звезда дома игра против клубови каде што триумфира со четири-пет гола разлика, а потоа ги чека Барселона, тоа е голема разлика“ – вели македонската фудбалска легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА