Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вечерва го прекина постот од пет натпревари без гол во Хрватската прва лига. Искусниот 35-годишен напаѓач погоди во 28. минута на дуелот меѓу Славен Белупо и Вуковар 1991 и го доведе својот тим до водство од 2-0 на полувреме на Градскиот стадион во Копривница.
Несторовски не се имаше радувано на погодок уште од 12. септември кога постигна против Локомотива, а вечерва со прецизен удар ја казни одбраната на гостите од Вуковар. Претходно, во 15. минута, резултатот го отвори Матеј Сакота.
Со евентуална победа, Славен Белупо ќе се искачи на третото место на табелата со 22 бода, само зад водечкиот двоец Хајдук Сплит и Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

