Интересен е фудбалскиот пат на Илија Несторовски, кој експресно блесна на големата италијанска сцена, но Палермо не ги искористи „петте минути на слава“ на Македонецот, претседателот Маурицио Зампарини реши да не го продаде и направи грешка и за својот клуб, но и за самиот фудбалер.
Весникот „Ла Република“ му посвети статија на Несторовски и неговата невообичаена ситуација, летово да не може да си обезбеди трансфер откако во претхоните два преодни рокови за него се интересираа бројни клубови од различни земји во Еврропа.
„Од анонимус до феномен и назад. Ова не е лесен момент за Илија Несторовски, кој од лидер и капитен се претвори во тема на потсмев, па сега го доби прекарот Нестоки. Како само се менува ситуацијата, претседателот обелодени дека одбил 20 милиони евра од Кина за Несторовски, а сега тој му е сериозен финансиски проблем што се мачи да го реши. Платата од 500.000 евра годишно е над утврдениот буџет на клубот, но директорот Рино Фоски сепак реши да не го продава за „ситно“, посочувајќи го Несторовски како „капитал на клубот“. Има време до петок за да видиме што ќе се случи, дали Палермо ќе најде купец“ – се вели во дел од текстот на „Ла Република“.
Опции за Несто-гол има се помалку, повторно се актуелизира можната преселба во Спортинг Лисабон, но португалскиот клуб се уште нема испратено официјална понуда. Несторовски нема друг избор, освен да чека, во надеж дека ќе дочека вистинско решение за својата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

