Битолскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Работник веднаш го назначи својот нов тренер по разделбата со Андон Бошковски. Клубот потпиша двеогодишен договор со Илија Темелковски, кој веднаш го презема кормилото на клубот.
„Со голема чест и задоволство ја информираме спортската јавност дека за нов тренер на РК Еурофарм Работник е назначен Илија Темелковски. Докажаниот ракометен тренер и поранешниот селектор на машката младинска и сениорска ракометна репрезентација, потпиша двогодишен договор со нашиот клуб. Предизвиците и зацртаните цели на екипата во оваа сезона се големи. Раководството на клубот смета дека со изборот на Илија Темелковски за прв тренер на екипата зацртаните предизвици и цели ќе се остварат во целост“, се вели во клупското соопштение на Еурофарм Работник.
Утрово клубот и Андон Бошковски постигнаа договор за спогодбен раскин на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА