Илијоски се збогуваше од фудбалот: Фала на сите, најмногу на мојот Работнички

Најдобриот стрелец во историјата на Првата Македонска Фудбалска Лига, Баже Илијоски, денеска обелодени дека става крај на својата фантастична кариера.

Илијоски се решава на ваков чекор на 34-годишна возраст, завршувајќи ја кариерата како член на Работнички, тим за кој настапуваше во шест различни периоди. Од македонските клубови тој го носеше и дресот на Металург, Пелистер и Шкупи, а меѓународната кариера ја градеше во Јужна Кореја (Инчон), Јапонија (Гифу), Романија (Брашов и Рапид) и Тајланд (Багкок Глас и Келантан).

Зд неговото име остануваат запишани 146 погодоци во елитното македонско фудбалско друштво, рекорд што доволно говори за квалитетите на Илијоски.

Во својата порака објавена на личниот фејсбук-профил, Илијоски се заблагодари на сите свои соиграчи, тренери, судии и новинари со кои соработувал низ годините, но особена благодарност изрази до ФК Работнички, како клуб во кој мина најголем дел од својата кариера.

Се вчитува...