Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски е избран за најдобар спортист на Македонија за 2023 година. Илиоски оваа награда ја доби и повеќе од заслужено откако годинава стана светски шампион во дисциплината Лоу Кик на Светското ВАКО првенство кое се одржа во Албуфеира, Португалија. Најуспешен тренер селектор беше избран токму тренерот на Илиоски, Дејан Митровски Урко.
За најдобра спортистка на Македонија за 2023 година беше избрана Мери Акиевска која повторно беше светска шампионка во бодибилдинг.
Признанието за најуспешна федерација и припадна на Одбојкарската федерација на Македонија која беше домаќин на Европското првенство.
За најдобра машка репрезентација беше избрана одбојкарската, додека за женска ракометната репрезентација на Македонија. Најдобар млад спортист е избран каратистот Витомир Трајковски, додека најдобра млада каратистка беше избрана Милијана Рељиќ. За најуспешен спортист со инвалидитет беше избран пливачот Андреј Стојаноски.
Продуцентите на д окументарниот филм за Дарко Панчев „Патот на кобрата до ѕвездите“ Спортско радио 90.3 и „Спорт клуб“ исто така добија признание на оваа церемонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА