Кикбоксерот Бобан Илиоски ќе се бори во финалето, во битката за златен медал, на Светското првенство во Мау Таи кои се одржува во Мексико.
Во полуфиналната битка, Илиоски го победи домашниот кик-боксер Мигел Падиља Роблес со прекин на борбата во третата рунда поради апсолутно доминација на македонскиот репрезентативец. Бобан Илиоски во финалето, кое е закажано за 19. мај, ќе се бори против Чан Луо од Кина.
„Боби доминираше во првата рунда, поради неискуството му дозволи на противникот да се врати, но во третата рунда повторно апсолутно доминираше и по серија удари на едно место, судијата ја прекина борбата со прогласување на Илиоски за победник“ – ни изјави од Мексико, селекторот на македонската кикбокс репрезентација Дејан Митровски – Урко.
Вториот наш репрезентативец Димитар Ѓорѓиев го освои бронзениот медал на шампионатот откако во полуфиналето загуби од Бугаринот Даниел Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА