Македонската кикбокс репрезентација замина на Европското сениорско маитаи првенство во Анталија, Турција, кое ќе се одржува до 15. декември.
Нашата репрезентација во состав Дејан Митровски – Урко претседател на КМФМ, Драган Атанасовски тренер и Бобан Илиоски натпреварувач, по светското злато во кикбокс ќе се обидат да атакуваат и на европското маитаи злато.
„Илиоски ќе има шест противници, но тој е искусен борец и ова е само уште еден предизвик за него“ – ни изјави Митровски пред заминувањето за Анталија.
Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание на Европската маитаи федерација на кое дел ќе бидат и македонските челници Митровски и Атанасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА