Најдобриот македонски кикбоксер, Бобан Илиоски се враќа со бронзениот медал од Европското првенство во маити кое се одржа во Анталија, Турција.
Во само еден месец, по освоената светска шампионска титула, сега Илиоски и со бронзата во специфичната дисциплина маитаи дополнувајќи го извонредниот успех на крајот од годината.
„Бобан кондициски и технички немаше никаков проблем додека траеја борбите затоа што е одлично подготвен физички, но забележавме психички замор кај него, заситеност од борбите по напорниот месец, кој замор се манифестираше чисто со механички потези во полуфиналето кои резултираа со пораз. И покрај тоа, борбата резултатски повторно беше тесна, но недостасуваше токму тој жар кај Боби за победа. Таа постоеше тој момент сигурен сум дека ќе имавме ново финале“ – ни изјави по шампионатот претседателот на Кикбокс маити федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, притоа дополнувајќи:
„Но секако задоволен сум од неговиот успех од ова европско Маитаи првенство каде начинот на борба, правилата, и техниките се разликуваат од кикбоксот. Потполно го разбирам затоа што имаше еден тежок тренажен период оваа година подготвувајќи се за светското злато во кикбокс, секојдневно по два тренинга, рано станување, внимавање на исхрана, и максимално учество на сите контролни мечеви без ниту еден слободен ден. И да напоменам дека пред само десетина дена се врати со злато од Светското кикбокс првенство во Португалија. Минатата година го освои европското злато на Европското кикбокс првенство во Анталија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА