Македонската кик-бокс репрезентација со еден сребрен и еден бронзен медал, запишувајќи одличен успех, ги заврши настапите на Светското првенство во Мау Таи кои се одржа во Канкун, Мексико.
Бобан Илиоски, за жал, во финалето загуби од Кинезот Чан Луо па на крајот мораше да се задоволи со сребрениот медал. Илиоски водеше по првите три рунди, ново третата за еден поен повеќе успеа да победи кинескиот кик-боксер.
„Боби беше доминантен, во сите три рунди демонстрирајќи координирани удари и техника на влезови и прецизни удари. Но, Кинезот успеа да ги собере поените во клинч со колена како поиницијативен, и тоа успеа да го донесе до победата. Илиоски се закити со сребрениот медал што е навистина одличен успех. Може да кажеме повеќе од успешно Светско првенство за нас, со два медали од тројцата натпреварувачи“ – ни изјави по синоќешното финале од Мексико, селекторот на македонската репрезентација Дејан Митровски – Урко.
Како што е познато, претходно со бронзен медал се закити и Димитар Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА