Илиоски утре против Ибрагимов во полуфиналето на Европското маитаи првенство (ФОТО)

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски утре против Јахиа Ибрагимов ќе се бори во полуфиналето на Европското првенство во маитаи кои се одржува во Анталија, Турција.

Илиоски во четвртфиналната фаза во категоријата до 86 килограми со 29-28 го совлада Турчинот Омер Фарук Каја, па сега ќе се соочи со Ибрагимов кој во Анталија се натпреварува како неутрален кикбоксер, под знамето на заедничката селекција на Русија и Белорусија.

„Секако задоволни сме од пласманот во полуфиналето, но реално на Боби потешко му оди овој маитаи стил на борба, бидејќи речиси цел дел од борбата е во клинч кој нема ништо заедничко со кикбоксот, но повеќе е во стилот на борење. Сепак се пласиравме во полуфинале, нема повреди и сигурно со сите сили продолжуваме понатаму“ – ни изјави од Анталија, претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и македонски селектор, Дејан Митровски – Урко.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Андреас Лилекрона (Шведска) и Вито Кошар (Хрватска).

Се вчитува...