Илиоски во Варна против Бугаринот Јанков во битка за европската титула под ВАКО-ПРО

Македонскиот државен репрезентативец Бобан Илиоски, член на Кик-бокс клубот „Шампион“ од Скопје, на 23. февруари во Варна, Бугарија, го очекува професионален меч за појас под организација на ВАКО-ПРО со титула европски шампион.

Илиоски, кој е репрезентативец на Македонија, ќе се бори со Бугаринот Јордан Јанков.

Како тренери на овој настан со македонскиот кик-боксер ќе бидат и м-р. Дејан Митровски-Урко и Драган Атанасовски кои се и членови и на раководството на Македонска кик-бокс Маитаи федерација.

„Бобан е одлично подготвен како никогаш до сега. Верувам дека ќе го освои појасот и ќе стане европски шампион во ВАКО-ПРО каде конкуренцијата е многу силна. Ние секако сме задоволни и со самата укажана понуда од ВАКО-ПРО. која е високо престижна организација во која за да дојдеш до борба за појас треба претходно многу труд и натпревари зад себе“ – вели селекторот на македонската репрезентација, Дејан Митровски – Урко.

БОБАН ИЛИОСКИ
– Од 2013 година е непоразен константен државен шампион во дисциплините К1 и Маи-таи.
– Освојувач на голем број европски и светски првенства под ВАКО организацијата
– Бронзен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство 2014 година – Римини.
– Сребрен медал на Европското јуниорско ВАКО првенство 2015 година – Сан Себастијан, Шпанија..
– Сребрен медал на Светското ИФМА Мау-таи првенство 2018 г одина – Канкун, Мексико.
– Бронзен медал на Европското сениорско ВАКО првенство во 2018 година – Словачка.

ЈОРДАН ЈАНКОВ
– Двократен светски вицешампион на ВАКО во дисциплината К1 2011 – 2013 година
– Носител на бронзен медал од Европското првенство во дисциплината К1 – 2014 година
– Балкански шампион при ВАКО – Про во К1 – 2012 година

Се вчитува...