Илјада зошто, илјада затоа: Манчестер сити, прв тим со над 1.000 обиди за додавање

Манчестер сити надмоќно ја освои шампионската титула во Премиер – лигата оваа сезона, но тимот на Пеп Гвардиола ќе продолжи да игра фантастичен фудбал до самиот крај. На „Етихад“ како бос по трње си помина Свонси и загуби со 5-0, а „граѓаните“ поставија нов рекорд.

Избраниците на Гвардиола имаа неверојатни 1.015 обиди за додавања на овој меч (од нив 942 прецизни), што е нов рекорд во рамките на англискиот елитен шампионат, Сити стана прв тим што ја надминал границата од 1.000 обиди за додавање на еден премиерлигашки натпревар.

Следната цел на овој тим е да освои повеќе од 100 бода до крајот на првенството. На четири кола до крајот, „граѓаните“ имаат 90 бода и суверено владеат на табелата.

Се вчитува...