Илка Штухец најдобра и на супервелеслаломот во Вал Гардена

Словенечката скијачка, Илка Штухец врза две победи во италијанскиот центар Вал Гардена. Таа по успехот на спустот, денеска триумфираше на супервелеслаломската трка од Алпскиот светски скијачки куп. За неа ова е втор успех сезонава, деветти во кариерата.

Штухец во победата беше само за пет стотинки подобра од скијачките кои го поделија второто место. Тина Вајратер од Лихтенштајн и Австријката Никол Шмудхофер имаа идентичен резултат.

На претходните два супервелеслалома од сезоната триумфираше Американката Микаела Шифрин, но таа ги пропушти трките во Вал Гардена подговувајќи се за натпреварувањата во техничките дисциплини во Куршевил и во Земеринг.

Шифрин го држи врвот и во поредокот за супер-џи и во генералниот пласман. Во супервелеслалом има 200 бода, 70 повеќе од Рагнихилд Мовинкел, а во вкупниот пласман има 687 бода речиси двојно повеќе од второпласираната Шмидхофер.

Се вчитува...