Илон Маск објави дека го купува Манчестер јунајтед, па потоа дека само се шегува

Американскиот милијардер Илон Маск информираше дополнително дека само се шегувал кога објави преку социјалните мрежи дека го купува Манчестер Јунајтед.

Изминатава ноќ, Маск најпрво објави на Твитер дека е во постапка на купување на англискиот клуб.

Но, набрзо потоа, откако се разбранува англиската јавност, информираше дека се шегува.

„Сето тоа е стара шега на Твитер. Нема да купувам спортски клубови. Меѓутоа, доколку се одлучам на ова, би го избрал Манчестер јунајтед. Ова е мојот омилен тим уште од детството“ – објасни потоа Маск.

Манчестер јунајтед е во мнозинска сопственост на наследниците на американскиот бизнисмен Малколм Глејзер, кој го купи клубот во 2005 година, а почина во мај 2014 година.

Се вчитува...