Им се „смешка“ Светско првенство: Косово е кошмар за Шведска

Косово по втор пат во квалификациите за Светското првенство ја совлада Шведска. По триумфот од 1-0 во Приштина, овој пат косоварите славеа и на гостувањето во Гетеборг со идентичен резултат.

Стрелец на победоносниот гол беше Фисник Аслани кој ја затресе мрежата на голманот Јохансон во 32. минута.

Со овој триумф Косово се искачи на втората позиција на табелата со седум освоени бодови, четири повеќе од Словенија и само три помалку од Швајцарија.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...