Им се закануваше на браќата Јокиќ, сега заврши зад решетки

НБА кошаркарот Маркус Морис кој во изминатите денови стана хит во јавноста со желбата за бокс меч во ринг против браќата Јокиќ изминатата вечер е уапсен во Флорида поради обвинение за финансиска изневера.

Полицијата во Соединетите американски држави не се огласи јавно за случајот, но на социјалните мрежи се појави фотографија од Морис во полициска станица со што се потврди вистинитоста на приказната.

За 35-годишникот ова не е прв проблем со законот. Во 2012 година беше предмет на осуда поради оптужба за физички напад, исто како и три години подоцна.

Се вчитува...