Кристијано Роналдо има 36 години, а речиси и да нема меч на кој Португалецот не запишува некој рекорд или некое феноменално достигнување. Во дуелот против Германија, Португалците беа поразени, но сите се чудат на феноменалниот спринт што го имаше Роналдо.
Во 15 минута, Германија изведе корнер, а токму Роналдо расчисти со глава од пред својот шеснаесетник и на тој начин отвори контранапад на Португалија. Кристијано тргна во неговиот препознатлив спринт и на крајот даде гол за водство од 1-0.
Роналдо истрчал 92 метри за само 14,2 секунди, што е феноменално време за фудбалер во копачки и на полни 36 години.
92m in 14.2 seconds – all while slowing up on the halfway line 🏃♂️💨
Is @Cristiano the fastest 36-year-old ever? 🤔#PORGER | #ITVFootball | #EURO2020 pic.twitter.com/uBf6dXviAa
— ITV Football (@itvfootball) June 19, 2021
aNoThEr EaSy CrIsTiAnO rOnAlDo TaP-iN pic.twitter.com/59Q1l5AySv
— Henry Bushnell (@HenryBushnell) June 19, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА