Има и некој што не сака да игра на СП – Коентрао

Сите фудбалери живот би дале за да можат барем еднаш во кариерата да играат на Светско првенство, но Португалецот Коентрао побара од селекторот да не го вбројува во националниот тим за претстојниот мундијал во Русија. Тој не соопшти дефинитивно повлекување, па затоа овој негов став е уште пошокантен.

„Минатата недела, по долго размислување, му соопштив на селекторот дека поради исцрпувачката сезона не се чувствувам најдобро и не сум подготвен да ја претставувам својата земја на Светското првенство. Никогаш нема да и завртам грб на својата земја, се надевам дека во иднина ќе бидам подобро подготвен за да одговорам на еден ваков предизвик. До тогаш ќе бидам само верен навивач. Се гледаме наскоро. Среќно, момци“, објави Коентрао.

Оваа негова одлука секако ќе предизвика многу контроверзи во португалскиот фудбал.

Се вчитува...