Ситуацијата во Баерн Минхен барем малку се смири откако баварскиот клуб славеше против Бенфика со убедливи 5-1 во Лигата на шампионите.
По таа победа здивна и Нико Ковач за чија смена веќе постојано се зборува во Германија. Но, сега ситуацијата се промени и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ само одмавна со раката на таквите написи. Сите, конечно, се на страната на Ковач па дури и Робен и Нојер кои се одлучија да го пофалат и во јавноста.
Но, челниците на Баерн сега дополнително ги загрижува кој е „кртот“ во соблекувалната на тимот. Ковач е убеден дека информации од соблекувалната постојано протекуваат во јавност и дека има фудбалер кој постојано брифира тајно пред медиумите…
„Ако има ‘крт’ во соблекувалната, а веќе почнав и јас да се сомневам во тоа може да замислите само што ќе му се случи ако го фатам“ – се закани Хасан Салихамиџиќ.
Баерн следниот натпревар го игра против Вердер во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА