Резултатската криза на Јувентус уште повеќе се продлабочи откако „црно-белите“ загубија на денешното гостување против Фиорентина со 3-0. Тијаго Мота повторно делуваше безидејно, неговите избраници потклекнаа на сличен начин како и минатиот викенд на домашен терен против Аталанта, па прашање е дали Јуве ќе најде начин да излезе од оваа криза и да се врати во Топ 4 за место кое води во ЛШ следната сезона.
Дуелот во Фиренца беше решен за помалку од 20 минути, колку што им беше доволно на домаќините за да поведат со 2-0. Госенс беше фудбалерот што го отвори резултатот на „Артемио Франки“ во 15. минута, а само три минути подоцна на 2-0 зголеми Мандрагора.
Јуве беше во нокдаун и не успеа да застане на нозе, а Фиорентина го искористи тоа и со голот од 25 метри на Гудмундсон во 53. минута стави печат на големата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА