На малерите со повредите на Герет Бејл дефинитивно им нема крај откако Велшанецот повторно го очекува период надвор од терените, и тоа токму во моментите кога се очекуваше тој да му се врати на располагање на Зинедин Зидан.
Бејл се наоѓаше во завршната фаза од рехабилитациската програма и прогнозите велеа дека дека треба биде „фит“ за градското дерби со Атлетико Мадрид наредниот викенд, но „кралевите“ попладнево преку клупско соопштение обелоденија дека нивниот најскап фудбалер повторно ќе паузира од терените.
„Нашиот фудбалер Герет Бејл се пожали на болка во левата нога на крајот од тренингот одржан во четвртокот. По деталните прегледи беше утврдено дека станува збор за кинење на ткиво во мускулот на ногата“ – се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА