Жозе Мурињо се соочува со уште еден огромен проблем околу составот на Манчестер јунајтед пред денешниот дуел со ВБА, откако доцна синоќа беше обелоденето дека Хуан Мата најверојатно нема да може да настапи за „црвените ѓаволи“ до крајот на оваа сезона. Шпанецот, кој по доаѓањето во Јунајтед нема пропуштено ниту еден натпревар поради повреда, во последните денови се жалел на болки во мускулот, по што лекарите сугерирале дека тој мора да биде опериран.
Хируршкиот зафат бил извршен во текот на вчерашниот ден, а според првичните информации Мата ќе паузира најмалку шест седмици, што би значело крај на сезоната за талентираниот плејмејкер.
Ова е уште еден во низата проблеми за Мурињо, кој за денешниот дуел со ВБА не може да смета на суспендираните Ибрахимовиќ и Ерера, како и на повредените Погб, Смолинг и Џонс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА