Има ли крај? Почина велосипедист по добиен срцев удар на сред трка во Франција!

Белгискиот велосипедист Михаел Голертс почина на 23 години откако доживеа срцев удар во текот на трката „Париз – Роубо“ во Франција.

Голертс веднаш откако се сруши, со хеликоптер итно беше префрлен во болницата во Лил. Неколку часа траеја обидите за спас на велосипедистот, но утрово француските медиуми официјално објавија дека ја загубил битката за живот.

Веднаш се огласија и од неговиот велосипедски клуб потенцирајќи дека запишана е уште една голема трагедија на спортските натпреварувања.

„Почина опкружен од семејството и своите сакани. Нашите мисли сега се со Михаел, затоа ги молиме и сите да остават малку простор за неговото семејство да се избори со големата трагедија“ – соопштија од Веранда Вилемс.

Се вчитува...