Пеп Гвардиола според многумина е еден од најдобрите тренери во историјата, а за тоа говори и статистиката. Покрај освоените трофеи, неверојатен е податокот дека клубовите кои ги има Шпанецот водено, имаат освоено 904 бода, од вкупно 1104 кои биле на располагање.
Гвардиола пред 11 години дебитираше како тренер на Барселона. Во првата сезона во каталонскиот гигант клубот ги освои Ла лига и Лигата на шампионите. Времето во Барселона, за него е еден од најубавите моменти во кариерата бидејќи освои голем број на трофеи, но во 2012. година одлучи дека е време да замине.
Како нова цел го избра Баерн Минхен каде беше три сезони, во кои успеа три пати по ред да биде шампион на Германија. По Баерн, нов предизвик за него беше Манчестер Сити, каде веднаш ја започна доминацијата. Шпанскиот стратег е три сезони на клупата на Манчестер Сити, во кои два пати се радуваше на титулата во Премиер-лигата.
Во досегашната кариера тој со клубовите кои ги водел освои осум титули во домашните шампионати и само два пати не успеваше да биде најдобар. Тоа се случи во последната сезона во Барселона кога заврши на второто место и во првата сезона во Манчестер Сити кога беше третопласиран.
Pep points accumulation as a coach:
87 — Barça 2008-09
99 — Barça 2009-10
96 — Barça 2010-11
91 — Barça 2011-12
90 — Bayern 2013-14
79 — Bayern 2014-15
88 — Bayern 2015-16
78 — City 2016-17
100 — City 2017-18
98 — City 2018-19906 points out of 1104 possible (82%) [Misterchip] pic.twitter.com/zeIbWpcPPr
— The Pep (@GuardiolaTweets) May 12, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА