Кристијан Ериксен во вториот свој настап за данската репрезентација откако се врати по срцевиот удар, го постигна и вториот гол. Судбината сакаше најпрво да стрела во Амстердам, каде што играше долги години, а сега и на теренот каде што ја доживеа несреќата и пред неколку месеци се соочи со смртта.
Ериксен постигна убав гол денеска на пријателскиот меч со Србија, со кој зголеми на 3-0. Па, има ли поубава бајка?
Данските навивачи со овации го поздравија данскиот фудбалер кој имаше срцев удар на стадионот „Паркен“ во Копенхаген на дуелот со Финска за време на ЕВРО 2020.
Голот на Ериксен можете да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА