Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, ги негираше гласините дека преговорите за продолжување на неговиот договор со тимот се во завршна фаза.
И покрај тоа што Реал Мадрид беше заинтересиран за него, германските медиуми јавија дека Шлотербек се договорил со „милионерите“ за нова соработка до 2031 година. Наводно не сакал да прифати друга понуда, затоа што немал гарантирано стартно место, што го барал самио играч.
„Морам категорично да демантирам дека сум постигнал договор со Борусија Дортмунд. За жал, не сме стигнале до таму“, изјави дефанзивецот на германската репрезентација.
Ваквата вест беше демантирана и од самиот клуб.
„Не потврдивме поместување во преговорите, ниту постигнат договор затоа сето тоа во медиумите беше изненадување за нас“, изјави Ларс Рикен, спортскиот директор на Борусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

