Има разлика – Офанзивна, храбра игра, Холандија сепак води на полувремето (ФОТО)

ЕКИПА во Амстердам,
Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонската репрезентација има негатива од по првите 45 минути на дуелот против Холандија во 3. коло од Групата Ц на ЕВРО 2020, но за првпат на шампионатот игра согласно посакувањата и очекувањата со отворен фудбал против една од најдобрите европски селекции.

По мирен почеток на првото полувреме, првата вистинска шанса на мечот ја имаше Александар Трајковски кој во 21. минута со одличен шут од 20 метри го погодува дирекот од голот на Холанѓаните.

Откако тоа не беше реализирано, веќе во 24. минута Депај по еден брз контранапад донесе водство за Холандија. Претходно, се чини, имаше старт за прекршок врз Пандев но по прегледувањето на ВАР, судиите одлучија дека погодокот е регуларен.

Во продолжението, веќе во 27. минута Холандија преку Мален имаше нова 100% шанса, но Димитриевски продолжува со одличните одбрани спречувајќи сигурен погодок на „лалињата“.

Низ првиот дел остануваат забележани и уште два шута од далечина на Александар Трајковски, но за малку непрецизни. Во 41. минута и Муслиу со глава се обиде од одлична позиција по корнерот на Барди, но покрај голот на домашните.

ЕУРО 2020 – ГРУПА Ц (3. коло)
МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА (0-1)
Јохан Кројф арена во Амстердам. Гледачи: 15.000. Главен судија: Истван Ковач (Романија). Стрелци: Депај 24′ (Х).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Адеми, Барди, Елмас, Пандев, Трајковски, Тричковски
Селектор: Игор Ангеловски
ХОЛАНДИЈА: Стекеленбург, Де Вриј, Дамфрис, Блинд, Ван Анхолт, Де Јонг, Вајналдум, Гравенберх, Мален, Депај
Селектор: Франк Де Бур

Се вчитува...