Русинката Мира Андреева се наметнува како нова млада ѕвезда во светскиот тенис откако оствари одличен резултат со пласманот во големото финале од турнирот во Дубаи.
Таа во четвртфиналето вчера славеше над Ига Швијонтек, за денеска да биде подобра и од Рибакина, за свое прва мастерс-финале во кариерата. Воедно, 17-годишната Русинка стана најмлада тенисерка што стигнала до мастерс-финале од воведувањето на овие турнири во календарот во 2009 година.
Клучна беше слабата реализација на брејк-топките на Рибакина, Андреева спаси дури дури од 13-те брејк шанси на противничката, што беше сосема доволно за да се стигне до победа од 6-4, 4-6, 6-3.
Нејзина противничка во финалето ќе биде победничката од дуелот Таусон – Мухова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

