Има цел: Познато е зошто Салах одби 500 милиони евра за да остане во Ливерпул

Мохамед Салах ќе остане дел од Ливерпул и во следните две сезони откако официјално ја продолжи соработката за премиерлигашот ставајќи крај на дилемите за можно заминува од „Енфилд“.

Египетскиот репрезентативец последните месеци се поврзуваше со премин во Саудиска Арабија каде за негов потпис беа заинтересирани повеќе клубови со договор вреден и до половина милијарда евра по сезона, но овие примамливи понуди беа одбиени со една голема цел.

Имено, како што откриваат извори блиски до Салах, неговата цел е да стане фудбалерот со најголем број на постигнати голови во Премиерлигата, а и да остане во конкуренција за Златна топка.

Се вчитува...