Барселона со сите сили пробува да се ослободи од данскиот интернационалец Мартин Брајтвајт. 31-годишниот напаѓач има договор уште две години. Брајтвајт не е во плановите на Чави, и клубот се обидува спогодбено да го раскине договорот.
Ако го раскине сега, тогаш Барса ќе мора да му исплати осум милиони евра. „Каталонците“ мора да се ослободат од скапите играчи за да ги регистрираат новите. Барса може да го отпушти без да добие казна од ФИФА. Играчите постари од 28 години кои две години се во клубот, може да бидат отпуштени без казни од ФИФА.
Данецот стигна во Барса во 2020 година. Сепак, не сака да си оди од клубот и си ги бара парите, иако станува збор за еден од најбогатите играчи на светот. Според „Форбс“, вредноста на неговата фирма се проценува со преку 250 милиони евра. Основал фирма со семејството, и се занимава со недвижности во САД и во другите делови од светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

