Има време и за забавни тренинг-елементи: Позитивна енергија меѓу репрезентативците пред Украина (ВИДЕО/ ФОТОГАЛЕРИЈА)

Низ максимална шареноликост во тренинг-вежбите македонските репрезентативци ги одработуваат подготовките за дуелот против Украина во петок на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.

И тоа како има време и за повеќе забавни вежби, како низ максимално релаксирана позитивна атмосфера, би се очекувал дуелот со Украинците.

Така беше и на денешниот утрински тренинг… Сето тоа можеби како најава за попладневните термини низ кои стручниот штаб, пак, ги реализира финалните техничко-тактички подготовки.

Македонија натпреварот со Украина во петок (16. јуни) на арената „Тодор Проевски“ во Скопје го игра со почеток од 20:45 часот. Потоа следи гостувањето во Англија на 19. јуни во Манчестер на „Олд Трафорд“ во квалификациите за ЕП 2024.

 

Се вчитува...