Иднината на македонската кошарка одеднаш не изгледа така црно откако нашиот национален тим вечерва славеше во Словачка, запирајќи го „слободниот пад“ од последните неколку години и правејќи голем чекор напред кон главниот квалификациски циклус за Евробаскет 2021.
Покажавме квалитет, цврстина, но и искуство во клучните моменти, не дозволувајќи им на Словаците да се вратат во самиот финиш. „Пукавме“ со различни оружја, погодуваа и Војдан и Хендрикс, кога требаше и Соколов и Дамјан, но најважно е што одбраната беше на ниво, овозможувајќи да се дојде до убедливата предност во првото полувреме што ја задржавме до самиот крај.
До пред неколку години овие победи ни беа рутина, но ова е една поинаква Македонија, кога ги оди првите чекори напред, на која секој триумф, особено на гостински терен и е повеќе од важен.
[new_royalslider id=”857″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА