„Имам среќа што сум жив“ – Мекгрегор удрен со автомобил додека возел велосипед

Конор Мекгрегор учествувал во сериозна сообраќајна несреќа откако бил удрен од возило додека тој управувал со својот велосипед. Поранешната УФЦ-ѕвезда го потврди инцидентот, откривајќи дека имал многу голема среќа.

„Бев удрен со кола одзади. Поради сонцето, возачот не можел да ме види, мина со брзина преку мене. Имам среќа што сум жив. Фала ти Боже, што не беше мое време за умирање“, објави Конор Мекгрегор.

Тој не пропушти и да се пофали за своите способности за избегнување на најлошото.

„Исто така, благодарам за борењето и за моето познавање на џудо. Начинот на кој слетав по ударот ми го спаси животот“, обелодени Мекгрегор.

Се вчитува...