„Имаме играчи од типот на Мусовски, Илоски треба прво да се најде себе си“

Селекторот Благоја Милевски, коментираше за евентуални повици на Дени Мусовски, и на Милан Илоски во иднина да бидат во националниот тим на Македонија.

За Мусовски рече дека нема контакт бидејќи, според него, таков тип на играчи Македонија во моментов има, додека за Илоски рече дека треба да се стабилизира на едно место.

„Мусовски немам остврено контакт, од причина што таков потенцијал и таков тип на играч мислам дека имаме. Што се однесува до Илоски, е контактиран со него мислам дека пред две години, уште кога беше во втората лига во САД. Моментално не го следам да бидам искрен, но не значи дека нема да биде следен и во иднина, но треба да се стабилизра на едно место, да покаже потенцијал кој го поседува. На моменти покажува потенцијал, на моменти покажува дека е во барање на самиот себе, според она што го следав. Ќе видиме што ќе ни донесе во иднина“, изјави Милевски.

Се вчитува...