Во Белград вчера се играше српското „вечно дерби“ меѓу Црвена Звезда и Партизан. Преполн стадион, ’запалени’ трибините кај најверните фанови, традиција што трае со децении. Навивачките групи „Делије“ и „Гробари“, колку и да предизвикуваат проблеми, а секое дерби е меч од висок ризик, тие секогаш се на трибините. Фотографиите најдобро ја отсликуваат атмосферата. Проблемите се секогаш присутни, но атмосферата е жешка, фудбалска…
Во Софија, исто така се одигра дербито меѓу Левски и ЦСКА Софија. Старите ривали повторно го преполнија стадионот, навивачите имаа фантастични кореографии, фудбалската тензија си донесе посебна убавина.
Кај нас, во Македонија, во изминатите две седмици, двапати играа Вардар и Шкендија, ривалите кои се борат за трофеите во првенството и во Купот. На едните навивачи СЕКОГАШ им е забрането доаѓање под изговор дека тоа е меч од висок ризик, а другите не можат да се соберат ниту повеќе од илјада фанови…Погледнете ја разликата низ неколку фотографии…
ДЕРБИ ВО СРБИЈА (ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРТИЗАН)
ДЕРБИ ВО БУГАРИЈА (ЛЕВСКИ – ЦСКА СОФИЈА)ДЕРБИ ВО МАКЕДОНИЈА (ВАРДАР – ШКЕНДИЈА, КУП)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА