Левиот бек на портуалската фудбалска репрезентација, Нуно Мендеш најавувајќи го следниот предизвик на Европското првенство, Франција, говореше и за легендарниот соиграч Кристијано Роналдо изјавувајќи дека посакува да му поклони трофеј во неговото последно Европско првенство.
Португалците се пласираа во четвртфиналето по драматичен натпревар против Словенија во која херојот беше голманот Кошта кој ја „затвори вратата“ од својот гол во пенал рулетот. Претходно Роналдо имаше повеќе изгледни шанси за гол, а промаши и пенал во 105. минута од средбата.
„Тоа беше тежок момент за него. Сите сме тука да му помогнеме. Не му беше баш најдобро и тоа се почувствува. Нормално мораме да си помагаме сите бидејќи сме единствена група. Ова е последното Европско првенство за Роналдо. Имаме се што ни е потребно да му ја поклониме титулата и ќе направиме се што се однесува за нас. Ќе имаме тешка задача да го сопреме Мбапе, но ќе дадеме се од себе“, изјави Мендеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА