Алжирката Иман Келиф се најде во центарот на вниманието на овие Олимписки Игри од сосема погрешни причини, откако беше обвинета дека како маж се натпреварува во женска дисциплина во бокс откако ја претепа во рингот својата прва противничка Карини.
Келиф има забрана за настап од Светската Боксерска Асоцијација, но од ИОК доби зелено светло да се натпреварува во Париз, каде обезбеди најмалку бронзен медал.
Таа по последниот триумф на вчерашната борба се расплака во рингот, по што испрати гласна порака преку изјава за БиБиСи.
„Добро се чувствувам, горда сум бидејќи ова е прв олимписки медал за жена во историјата на Алжир. Доминирав, оваа победа ја посветувам на алжирскиот народ. Сакам да му порачам на целиот свет: Јас сум жена и ќе останам жена“, изјави Иман Келиф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА