„Имав само два дена да изберам, Реал Мадрид или Барселона“

Винисиус Жуниор е следната ѕвезда на серијалот документарни филмови кои го објавува Реал Мадрид ТВ наречен „Земја на ѕвезди“. Во трејлерот кој веќе е објавен, членови на неговото семејство и луѓето кои му е најблиски раскажуваат за предизвиците со кои се соочувал. Сепак најинтересниот момент е кога Винисиус објаснува за изборот меѓу Реал Мадрид и Барселона.

„Имав понуди и од Барса и од Реал и имав само два дена“ – објаснува Винисиус Жуниор, а неговиот агент признава дека желба на Бразилецот сепак бил Реал Мадрид.

Винисиус Жуниор раскажува и за неговто потекло од Гонсало, опасно место во кое владеат криминалнот, насилството и сиромаштијата. Татко му го забелажал неговиот талент за фудбал. Од првиот договор со Фламенго купил куќа за неговто семејство.

Се вчитува...