Една од најголемите трансфер саги во историјата на фудбалерот, преминот на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид е актуелна во последните две години во кои Французинот неколку пати се најде на излезната враќа на „Паркот на Принцевите“.
Така беше и последново лето во кое голгетерот одби продолжување на договорот со францускиот тим по крајот на актуелната сезона па се поизвесно беше дека преминот во Реал Мадрид конечно ќе се официјализира. До истиот повторно не дојде па останува на фудбалерот да одлучи дали следното лето како слободен играч конечно ќе го облече „кралскиот“ дрес.
За целата ситуација за шпанските медиуми говореше Хозе Мануел Отеро, член на управата на Реал Мадрид.
„Да направевме само еден погрешен потег со Мбапе, ПСЖ сигурно ќе превземеше правни мерки против нас. Реал многу добро знае што може и што треба да направи. Се надевам дека Мбапе ќе дојде во летото 2024 на легален начин и дека никој нема да може да не отпужи за нелегален пакт. Претходната година многумина ја земаа здраво за готово изјавата на Ал Келаифи дека Мбапе има договор со Реал, но тоа не така.
Да, Мбапе имаше шанса да потпише со нас ова лето, но за да го направеше истото ќе мораше да се откаже од големи бонуси кои му следат во ПСЖ. Од друга страна ПСЖ постави и голема откупна клаузула. Ќе беше лудо и непромислено да го потпишевме во тие околности кога му истекува договорот со ПСЖ“, изјави Отеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

